Музичко - балетскиот училишен
центар „Илија Николовски - Луј“ од Скопје е училиште од
посебен интерес за државата. Во него се образуваат кадри
од музичката и балетската уметност и како единствен
центар од ваков вид тој претставува јадро од кое
произлегуваат идните музички и балетски уметници и
педагози, кореографи, диригенти, композитори и други
музички и балетски културни дејци.