|
|
| |
1.4.2006 |
| |
Во деновите од 24.03.2006 до 1.04.2006 год. во соработка со Британскиот совет во Р. Македонија во училиштето гостуваа Peter Sheppard (виолина) и Nigel Clarke (композиција) од Лондон. Професорот Sheppard претпладне работеше индивидуална настава со ученици од МБУЦ и студенти од ФМУ, а во попладневните часови се одржуваше музичка работилница, каде учениците имаа можност да свират композиции од современи автори. Оваа музичка работилница ке има завршен концерт на Денови на македонска музика на 1.04.2006 год. |
| |
|
18.10.2005 |
| |
Во вторник, во Македонската опера и балет со почеток во 19:30 часот, Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ ќе одржи концерт насловен „Средба на генерации“, по повод 60 гoдини формирањето на оваа институција. На концертот учество ќе земат Симфонискиот оркестар на генерациите, составен од инструменталисти од Македонската опера, Македонската филхармонија, професори од МБУЦ, студенти на ФМУ и ученици од МБУЦ, потоа Балетскиот ансамбл при МОБ и МБУЦ, диригентите Фимчо Муратовски, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев и Бисера Чадловска, како и солистите: Михајло Куфојанакис, виолина, Весна Финовска – Илкова, сопран, Гордана Јосифова – Неделковска, обоа, Олер Кондратенко, виолина и Марија Ѓошевска – пијано. Водител на програмата на овој концерт ќе биде музикологот Бранка Костиќ, а ќе бидат изведени дела од Вивалди, Чимароза, Сен-Санс, Верди, Рахмањинов и Смокварски. |
| |
|
|
|
|
 |