Лична карта на ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”-Скопје
Центарот е сместен во нова модерна зграда, во рамките на Културниот центар на град Скопје. Тој се наоѓа од левата страна на реката Вардар, во непосредна близина на МНТ, Камениот мост и Комерцијална банка.
Адресата на училиштето е Питу Гули бр. 1
Телефони: 02/3115-527; Телефон-фах: 02/3230-257 и 02/3119-004
Дејноста во основното музичко и балетско образование се одвива во две насоки: масовно ширење на музичката и балетската култура и професионално насочување на учениците од основниот оддел кон средното насочено образование.
Во основното музичко и балетско образование се опфатени ученици од градските и приградските населби на Скопје.
Во средното образование се образуваат кадри од образовните профили: музичар-изведувач, музичар теоретичар, балетски играч - балерина и фолклорен играч. Во средно образование се опфатени ученици од различни градови на Република Македонија.
Образовниот профил музичар изведувач ги опфаќа следниве професии: пијанист, виолинист, виолист, виолончелист, контрабасист, гитарист, харфист, флејтист, обоист, кларинетист, саксофонист, хорнист, тромбонист, фаготист, трубач, соло пејач, хармоникаш, изведувач на ударни инструменти.
|