Вo I година во средното музичко училиште може да се запише ученик кој што има завршено основно музичко образование.
Упис во I година во средното музичко училиште се врши на основа на конкурс кој го распишува Министерството за образование и наука кое ги утврдува содржините, времето, местото и начинот на полагање на приемниот испит, како и основи, мерила и начин за рангирање и упис во училиштето.
Приемен испит
Средното музичко образование трае 4 години. Учениците можат да се запишат на 4 профили:
1. Музичар изведувач
2. Музичар теоретичар
3. Балетски играч и модул модерен балет
4. Фолклорен играч
Услов за упис е положен приемен испит.
Пријавувње на ученици за упис се врши во термините определени и објавени од Министерството за образование, кои се однесуваат за целото средно образование во Републиката.
Потребни документи:
- пополнета пријава за упис и таксена марка од 50 денари
- оригинален извод од матична книга на родени
- оригинални свидетелства од 5то до 8мо одделение
- оригинални свидетелства од основно музичко или балетско (ако го има завршено)
- (за фолклорен играч) потврда и препорака од фолклорно друштво
Детална табела »
|